речник контакт

Врачени признанијата на 54-те Рацинови средби, за Антологија на болката и твитер љубовна порака

Стихозбирката "Тело одречено од пливање" од Митко Апостолов и твитер пораката на Тренчова ,, љубов и мир ил љубов и војна, љубезно од Љубомир за Љубојна,,

Петар Печков

Наградата ,,Антологија на болката,, за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка од современ македонски поет   ја доби  стихозбирката "Тело одречено од пливање" од  поетот Митко Апостолов. Таа како награда беше објавена  од издавачката куќа ,,Култура,, и денес промовирана во рамките на манифестацијата. 

Треба да кажам убави зборови, за убави зборови за нагрдената книга на Апостолов.  Оваа збирка на песни кои го следат развојниот пат на авторот, неговиот внатрешен свет. Може да се види како авторот зрее како личност, како понира во своите длабочини, развојот на неговиот стил и јазол и пренесува  убава порака, кога надворешниот универзум се стопува со  тоа што секој од нас носи в о себе. Љубов изразена во мали моменти на  радост, едноставност и секојдневие – порача   Даница Лепојевиќ Ивановска, претседател на жирито и минатогодишен добитник на ова награда.   

Добитникот  Апостолов изрази благодарност за наградата.

Ако не беа стиховите на Рацин, немаше да ја развијам поезијата во мене. Тоа е месечина што вдахнува, ветер кој ги разлистува гробовите, смрт која демнее и  слобода  која ја чекаме во  утрото. Болка за љубов, љубов за  љубов. Оваа  награда е голема чест за мене, ќе ја носам со голема  гордост – рече заблагодарувајќи з се за наградата, Апостолов.         

Наградата за  љубовна твитер порака од 140 карактери ја доби Надица Тренчева од Кавадарци. Таа напиша ,, љубов и мир ил љубов и војна, љубезно од Љубомир за Љубојна,,.   Таа заблагодарувајќи се за признаеното, рече дека има долг поетски стаж.

Коста Рацин би бил среќен, кога би знаел дека  неговите пораки патуваат многу брзо благодарејќи на современата технологија, за разлика од  неговото време кога патувале неколку денови.  Би бил среќен, кога би знаел дека неговиот опус и денес живее во нас и за нас и со нас.    Оваа награда посебно ми значи, затоа што е  посветена на  Рацин. Благодарам Велес – изјави Тренчева. 

Претходно делегации положија цвеќе во Спомен Костурницата, каде црковниот хор Св. Пантелејмон имаше свој настап.    Во Ликовниот салон пак беше отворена изложба на грнчарски производи, дело на мајстори од градот и  републиката.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »