Петар Печков
Објавено: вторник, 21 мај 2019
Сообраќајот на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, во периодот од 20 мај до 17 август годинава ќе се одвива во согласност со одобрение за привремен режим на сообраќај, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од таму додаваат дека ваквата одлука следува по најавата на друштвото „Асфалт“ ДООЕЛ Скопје за изведување градежни работи за рушење стара наплатна станица кај Градско.
Ова доаѓа по реакциите на возачите дека местото не е одбележано, нема сообраќајна сигнализација а по двете сообраќајни несреќи, со предизвикана голема материјална штета, кога возила удрија во бетонските платформи од кои се отстранија наплатните куќички.
Tweet |