Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 септември 2024
Врнежите од град кој во петокот во попладневните часови паднаа во околината на Башино село направија штета по градинарските култури. Сопствениците на нивите реагираат дека дел од есенското производство од културите е уништено.
„Голема штеата се направи. Градот ги уништи културите, во зависнсот кој што одгледува, кај некои марула, други спанаќ, трети магдонос, домати.Го редуцираше потенцилајниот род за наредниот период“ – вели земјоделец кој претпрел штета.
Жителите не помнат когa претходно паднал град и го уништил родот во овој дел на велешко. Додаваат дека е оштетна и крошната од стариот јавор среде село.
Tweet |