Петар Печков
Објавено: петок, 24 јули 2020
По реакциите на Панчевски и неговите бранители, дека немаат добиено решение по нивата жалба, поднесена за одлуката на Судски совет за разрешување на обвинетиот екс судија, Врховен со следната информација:
„Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија расправаше по повод жалбата на Владимир Панчевски, судија на Основниот кривичен суд Скопје, поднесена против одлуката на Судскиот совет на РСМ од 25.12.2019 година, заведена под бр.08-22/40 од 30.12.2019 година и против решението на Судскиот совет бр.08-22/4 од 17.07.2019 година. На седницата одржана на 26.06.2020 година Советот за одлучување по жалба донесе решение со кое што жалбата на жалителот ја одби како неоснована, а ја потврди одлуката на Судскиот совет 25.12.2019 година заведена под бр.08-22/40 од 30.12.2019 година и решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-22/4 од 17.07.2019 година“, соопшти највисокиот суд.
По завршувањето на главното рочиште а одговарајќи на новинарското прашање дали неговите колеги од адвокатскиот тим на Панчевски, кои претходно работеле со него, оти Јанура е ново приклучен, избегнувале да не ја примат одлуката на Врховен, како што се избегнувало да се примат поканите за судење во Основен суд Велес, да се прими обвинителниот предлог, Јанура рече ,не,, и замина.
Tweet |