Петар Печков
Објавено: четврток, 22 септември 2022
Согласно Одлуката за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен отпад на територијата на Општина Велес, ЈКП Дервен како давател на услугата, должен е еднаш годишно. да организира акција за собирање на габаритен отпад од корисниците на услугата. Годинава таа се организира во два периоди. Првиот беше 15 до 19 август и вториот е наредната седмица од 26 до 30 септември.
„Во овој период габаритниот отпад да се изнесува на јавни површини и остава до контејнерите за отпад, исклучиво по претходно обраќање до ЈКП Дервен, бидејќи услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна само за предвидениот период за спроведување на акцијата“ - информираа од ЈКП Дервен.
За најава за оставање на габаритен отпад граѓаните може да се јават до сектор Комунална хигиена секој работен ден од 7. до 15. часот на телефонските броеви: 071/229-986 / 075/343-751 / 043/233-768
Во августовската акција за прибирање габаритен отпад, собрани 140 м3. Велешани најмногу од домовите исфрлале стар мебел
Потсетување што се спаѓа во габаритен отпад:
Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи.
Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шолји, славини за вода, огледала.
Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи
Друг габаритен отпад – ролетни, тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.
Tweet |