Петар Печков
Објавено: среда, 29 јули 2026
Во Горно Јаболчиште беше организирана крводарителска акција. На неа беа собрани 20 крвни единици од нив петмина првократни дарители.
Од организаторот Општинската организација на Црвен крст Велес, и благодарност до сите крводарители кои а покажале својата хуманост дарувајќи крв и со својот хуман гест придонесоа за спасување човечки животи.
Акцијата беше организирана заедно со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, со поддршка од локалната заедница.
Меѓу крводарителите беше и градоначалникот Суад Шаќиров.
На првата која се одржа во Горно Јаболчиште на 25 декември лани, беа собрани 13 крвни единици.
| Tweet |




