Петар Печков
Објавено: недела, 01 февруари 2026
Втора победа за одбојкарите во разигрувањето на одбојкарското првенство. Со максимални 0:3(19, 10,15) ја совладаа во Василево екипата на ОК Сушево, кој е шесто пласирана во оваа фаза од натпреварите за првак на Македонија. Велешани немаа проблем за да стигнат до два нови бода и борба за првите четири места и подобра позиција пред плеј-оф за титулата првак. Следниот викенд, висински предизвик, гостува екипата на ОК Универзитет Тетово.
Победа за кошаркарите на КК Борец баскет за крај на првиот дел од превенството. Во салата Гемиџии го победија тимот ан КК Овче Поле од Свети Николе со 96: 71 (50:31). Велешани со играта не оставија простор да има дилеми кој ќе биде победник. Со победата КК Борец баскет го завршија регуларниот дел меѓу првите четири екипи, но распоредот ќе биdе познат дополнително. Првите четири екипи КК Струмица ФМП, КК Соколи, КК Борец баскет и КК Бител ќе решава меѓусебниот скор за позиција и противник од групата А во заригрувањето за плсамна во Супер лигата. Засилувањето од САД, кошаркар Дерик Елис Јуниор по натпреварот од ова 14 коло го напушти клубот и се врати во САД. Причина за неговото заминување според клупското соопштение „се процедурални ограничувања поради кои не може да го продолжи својот престој во Македонија“.
Два порази за женските одбојкарски екипи од Велес, во Втората лига и двата на домашен терен ОК Борец загуби од ОК Вардар, кој е второпласиран на табелата, со максимални 0:3 (17,14,14). ОК Виола волеј беше поразена со 1:3 (16,17, -23, 21). Гостинките се едно место погоре пласирани од велешанки. И двете средби се играа во спортската сала на ОУ Блаже Коневски. ПО ова 15 коло на Втората лига, ОК Борец падна од 4-то на 6-то место со 24 бода, додека ОК Виола волеј остана на 9-то место со 14 бода. Во следното коло ОК Борец гостува на последно пласираната екипа на ОК Шкупи, која има една и тоа административна (службена) победа, додека ОК Виола волеј е слободна, требаше да игра со ОК Македонија макс која се откажа, па ќе добие два службени бода.
| Tweet |




