Петар Печков
Објавено: среда, 25 февруари 2026
Вчера попладне, вторник, пожар во близина на заразно одделение од Велешка болница, зафанал гаража и автомобил. При пожарот се слушаа експлозии и детонации. Деталите од информaцијaта на велешкaта пожарна.
„На 24 Февруари во 17:35 часот примена е дојава за запалена гаража на ул. Самоборска бр7 во близина на Заразно одделение при општа болница Велес. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза, во гаражата гореше Патничко Моторно Возило кое е изгасено од страна на нашите колеги“ – информираа од ТППЕ Велес.
Од велешка полиција со информација за пожарот.
„На 24.02.2026 во 18:20 часот во СВР Велес било пријавено дека во гаража на улица „Самоборска“ во Велес настанал пожар на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(80) од Велес, во кој била опожарена и гаражата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес“ - соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
| Tweet |




