Петар Печков
Објавено: петок, 13 ноември 2026
Велешки театар вторник вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Вљубениот Шекспир“ дипломско дело на режисерката Бојана Василковска. Работена е по текст на Марк Норман и Том Стопард , во превод на Сашо Димоски и Катерина Момева. Режисерката пертставата ја најавува како романитчна коемдија и очеквуа дека ќе има добар прием и гледаност кај публиката.
„Заедно со актерите се обидовме да создадеме бајка. Приказната е за младиот Вил или Вилијам Шекспир кој не е претставен како големиот гениј како што е познат во јавноста, туку како млад човек кој се бори, страда, љуби, создава уметност. Тоа што намјногу ме привлече во овој текст е пораката која ја носи за театарот, да има моќ да не спои, моќта на заедништвото. Се надевам дека со актерите создадовме такво заедништво“ – кажа Василковска која е велешанка. Таа е дипломец на ФДУ во класата на проф. Зоја Бузалковска.
Дополни дека е голема обожователка на романтички комедии на филм и досега не сретнала таков жанр во театар. Затоа било предизвик да го постави на театарската сцена.
„Многу сакам да се бавам со љубовта во театарот, сакам да ја истражувам во сите облици, не само романтичната. Во претставата ја имаме на две нивоа, љубовта кон луѓето и љубовта кон театарот“ – рече Василковска
Во претставвата настапуваат Филип Христовскки, Катерина Јовановиќ, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Зорица Панчиќ, Фаик Мефаиловски, Кире Ацевски и Мартин Мазнев.
Сценографијате е на Филип Коруновски, костимите на Катерина Чукниева а фризурите и шминката на Мартина Чукниева.
| Tweet |




