Петар Печков
Објавено: вторник, 18 мај 2021
Изминатите 48 часа во велешко нема нови случаи во ковид-19, соопштија од Институтот за јавно здравје. Така втор ден по ред нема регистирано нови позитивни лциа со корона вирусот, денес се оздравени пет лица. По ова бројката на активни случаи падна на 86 а како и вчера така и денeс вкупно заразени има 5.463 лица.
„На кислородна поддршка во велешка Болница се 19 пациенти.Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во оваа здравствена институција хоспитализирани се 32 пациенти, од кои 21 се потврдени позитивни, еден сомнителен и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување поради здравствени проблеми.
На Инфективно одделение се 14 пациенти, на Интерно пет и во Модуларна болница 13.
Tweet |