Петар Печков
Објавено: петок, 18 август 2023
Во текот на вчерашниот ден не функционирал системот на „Мој термин“, имало технички проблеми, поради што матичните доктори не можеле да ги услужат пациентите, па морале да бидат вратени дома. Во тој период не можеле да се издаваат упати за на специјалист, ниту рецепти. Пациенти нивните реакции ги упатиле кон матичните доктори.
„Не можевме да ги услужиме пациентите, не можевме до пладне да издаваме упати за специјалист а до утрово до 9ч. и рецепти. Беа вратени голем број пациенти. Проблем е што во овој летен период заменуваме колеги од рурални средини и пациентите мора да патуваат до градот а ние да ги вратиме, не по наша вина. Културно е некој да најави дека има застој како и колку тој ќе трае, повторно во интерес на пациентите“ - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни доктори од Македонија.
Дополни дека вакви проблеми се случувале често.
Tweet |