речник контакт

Вчера попладне гореше велешката депонија (видео)

По пет часовна интервенција, пожарот пред полноќ бил изгаснат

Петар Печков

Во терминот од 17 до 23,10ч. вчера, четврток, 20 јули,  беше запалена депонијата за ѓубре на ЈК Дервен, кај Штипско џаде. видео

Во локализирањето на пожарот според Центарот за управување на кризи учествувале две противпожарни возила со четворица пожарникари.

По пет часовна интервенција, пожарот пред полноќ бил изгаснат. Во локализирањето учествувале и вработени од ЈКП Дервен, кои денес таму контролираат огнот да не пламне повогторно.

Причината за пожарот не е позната, но се случува поради не селектираниот отпад, фрлање на стакло или пак од лицата кои таму го пребаруваат сметот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »