речник контакт

Вчера попладне одрон камења на автопат Скопје – Велес, пред патарина Сопот

Камион удрил во камења на патот, по што се случил поголем одрон, кој бил расчистен

Петар Печков

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера понеделник 14 април,  во 17:06 часот, преку бројот за итни повици 112, била пријавена појава на одрон на патот.

„Станува збор за пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес. Според наведеното, пред патарината кај Велес, камион-цистерна удрил во карпи, по што се појавиле одрони кои претставуваат потенцијална опасност за сообраќајот“, стои во соопштението на ЦУК.

По добивањето на пријавата, веднаш било известено Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, кое презело активности за расчистување на теренот.

фото архива

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »