Петар Печков
Објавено: сабота, 12 декември 2020
МВР информираше дека петокот наутро се случила сообраќајка, во која возачот, велешанец се здобил со тешки повреди поради што бил префрлен на Ургентен во Скопје.
Вчера во 07,40 чaсот на автопат Скопје – Велес, патничко моторно возило„форд“ со велешки регистарски ознаки управувано од Т.А.(29) од Велес изгубило контрола и удрило во метална ограда, соопштија од МВР.
Сообраќајката се случила пред тунелот кај Катланово. На помош била повикана лекарска екипа од Итната помош од Велес.
Пациентот имаше повреди на граден кош, веднаш му е дадена неопходната лекарска помош и е префрлен на хирургија во Болница- соопшти д-р Васе Пановска, портпарол на Здравствен дом Велес.
Донесено е повредено лица во сообраќајка, со тешки телесни повреди со обострана сериска фрактура на ребра и плеврален излив, по што е пратен во Ургентен хируршки клинички центар - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, по што ќе се знаат причините за излетувањето.
Tweet |