речник контакт

В недела Марш за Рацин

Во чест на Рацин ќе има и ултра маратон, но и трка по улиците на Велес

Петар Печков

Во рамките на 60 Рацинови средби, кои годинава се одржуваат од 9 до 15 јуни, има бројни настани. Меѓу нив е и планинарскиот марш  во чест на Рацин. Организатор е Здружението на граѓани Зелена сила.

„Предизвик е да се оддолжиме на Рацин. Затоа и овој планинарски марш, на кој освен учесници до Велс има и од Прилеп, Битола, Кичево, но и сите други заинтересирани. Тргнувањето е од кичевското село Извор околу 10 часот за да стигнеме на местото каде е застрелан Рацин околу 14-15 часот.„ - кажа Даниела Јовановиќ од ЗГ Зелена сила.

 Тие од Велес тргнуваат недела наутро околу 4,30 ч. со автобус до Извор од каде пеш продолжуваат до Лопушник.  

Сабота пак во 6 часот од пред споменикот на Рацин во дворот на Гимназијата тргнуваат учесниците на ултра маратонот , кои ќе трчаат до 13 јуни до Лопушник.  Недела пак од 18 часот се атлетските трки на 10 и 5 км по улиците на Велес. Овие анстани се под мотото „Трчаме за Рацин„.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »