Петар Печков
Објавено: среда, 07 декември 2016
ДИК ги соопшти бројките на гласачи за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат в недела на 11-ти декември.
Во Општина Велс запишани се 46.394 гласачи, на 84 гласачки места. Ова е бројка без затвореници и притворени лица. За потсетување на последните избори одржани 2014-та гласаа 46.548 лица.
Во Општина Градско право на глас имаат 3.132 лица на 11 избирачки места.
Во Општина Чашка на 27 избирачки места гласаат 5.912 лица.
Во Општина Лозово гласаат 2704 избирачи на 9 избирачки емста.
Tweet |