Петар Печков
Објавено: четврток, 26 октомври 2017
Недела, 29-ти октомври ќе се одржи вториот круг за гласање за избор на градоначалник, во соседните општини Градско и Чашка. Се гласа помеѓу два кандидати, кои според бројот на гласови се најдоа на првите две места, по првиот круг.
Во Општина Градско граѓаните избираат помеѓу Жанета Чаушевска од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Роберт Бешовски од коалиција на СДСМ. На 11-ти избирачки места има запишано 3.152 гласачи.
Во Општина Чашка граѓаните избираат помеѓу Горанчо Пановски од Народното движење за Македонија и Горан Стојановски од коалицијата на СДСМ. Во општината има запишано 6.017 гласачи кои гласаат на 31 избирачко место.
Tweet |