Петар Печков
Објавено: петок, 17 јануари 2025
Недела од 11ч. на Мало мовче ќе започне чинот на големиот богојавленски водосвет, положувањето на светиот крст во водите на реката Вардар за Велес. Претходно во црквата Св. Вознесение Христово, Св. Спас ќе се одржи Света Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополит Повардарски Владиката Агатнагел со почеток во 8 часот.
Во тек е пријавувањето на сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на крстот, кое се врши во просториите на Повардарската епархија, секој работен ден од 8 до 16 часот.
Во Општина Лозово богојавленски водосвет ќе биде во следните села:
Во село Каратманово, во црковниот базен на Црква Св. Покров на Пресвета Богородица 9:45ч.
Во село Милино, во новиот базен на Црква Воскресение Христово, 10:15ч.
Во село Дорфулија, во близина на Црква Св. Илија, 11:00ч.
Во село Лозово, во црковниот базен на Црквата Св. Илија 12:00ч.
Во село Сарамзалино во црковниот базен на Црквата Успение на Пресвета Богородица 13:00ч.
Во Општина Чашка светиот крст ќе биде положен во водите во следните села:
Ореше 08.00 часот
Бистрица 09.00 часот
Богомила 10.00 часот
Согле 10.30 часот
Теово 11.00 часот
Оморани 11.30 часот
Мартолци 10.00 часот
Извор 10.45 часот
нас.Чашка 11.45 часот
Лисиче 12.30 часот
Војница 13.00 часот
Во Општина Градско крстот ќе се положи во водите на реакта Вардар со почеток од 11:00 часот, од мостот кај село Уланци.
Tweet |