Петар Печков
Објавено: четврток, 04 октомври 2012
ЈКП Дервен распиша конкурс за вработување на нови 29 лица на неопределено време. Се примаат на повеќе позиции, од чистачи и перачи на улица, до економист, правник, со различно образование од основно до факултетско. Ова доаѓа по неполн месец откако ЈКП Дервен распиша конкурс и прими 34 лица.
Според ЈКП Дервен вработувањето се врши ,,поради зголемување на физичкиот обем на работа на претпријатието, како и поради пополнување на испразнетите места на лицата на кои им престанал договорот за вработување поради заминување во пензија,, што е вообиачената изјава слушната и многу пати досега, со години наназад. Конкурсот трае до петок 5-ти октомври.
Tweet |