Петар Печков
Објавено: вторник, 16 октомври 2012
НЕДЕЛАТА ПОТИВ ГЛАДТА е време за акција со цел да се вклучиме и им понудиме помош во форма на храна на сиромашните и социјално загрозени граѓани. Така постапија и Општина Велес и Општинскиот Црвен крст.
Во рамките на 16-ти октомври Светскиот ден на гладта, Општинската организација на Црвениот крст и Општина Велес на сиромашните семејства им доделија пакети со храна. Црвениот крст додели 60 пакети од собраните средства од ланската акција, додека Општине Велес додели 15 пакети во вредност од две илјади денари. Пакетите се поделени со помош на Општинскиот Центар за Социјална работа на семејствата на кои им е помошта во храна најпотребна.
Tweet |