Петар Печков
Објавено: вторник, 06 октомври 2026
Утре 7-ми октомври, велешки ГОК Борец ќе го игра одбојкарскиот Супер куп, кој ќе се одржи во салата „8 Септември“ во Тетово. Противник на велешани е освојувачот на титулата првак и освојувачот на Купот ОК УГД Штип. Велешани пак беа финалисти и во шампионатот и во Купот.
Ова е за прв пат во одбојката да се игра Супер куп. Натпреварот започнува во 17ч. веднаш потоа се игра женскиот Супер куп, помеѓу шампионот Работнички и освојувачот на Купот ЖОК Вардар ЕМ, двете екипи од Скопје. Двата натпреври се дел од обојкарскиот турнир Бранко Хаџииљоски – Чајка“.
Тренерот на велешани Петре Жабев за натпреварот вели:
„Чест и задоволство е да се игра на оваков јубилеј 50 одини Чајка и прв Супер куп. Оваа година ќе ја заокружиме со уште едно финале на првиот Супер куп по двете финалиња во првенството и купот. За нас како клуб успешна година клубот каде слави и 70 години. За овој натпревар нашата екипа ќе игра во изменет состав од претходната сезона.Новите играчи треба да се приспособат на играта и тимскиот дух на екипата, сепак фаворитската улога им ја препуштаме на екипата на УГД Штип но секој момент и опуштање на противничката екипа ќе се обидеме да го искористиме.Се надеваме на еден јубилел каков што доликува за ова натпреварување и ќе го дадеме нашиот максимум да се претставиме во добро светло“ – порача Жабев.
Во составот ќе бидат засилувањето Ангел Бошков и Бразилецот Филипе Оливера кој ќе ја игра втората сезона во ГОК Борец.
| Tweet |




