Петар Печков
Објавено: четврток, 21 ноември 2024
Одбојкарите на ГОК Борец се враќаат на победите, откако вчеравечер славеа во салата Блаже Конески, како гости, оти домажинот, нема сала каде да игра. Победија против екипата на ОК Вардар со максимални 0:3. (17, 18,12) . Домаќинот не беше екипа за предизвик, па велешани лесно победија за нови два бода. Со нив остануваат на второто место и 20 бода, еден помалку од лидерот ОК Струмица. Ова беше натпревар од 8-то коло. Во следното коло, ново дерби, во Велес гостува третопласираната екипа на ОК Штип Универзитет Гоце Делчев која исто така има еден пораз.
Во 6 коло од Првата футсал лига, ништо ново, нов дебакл на велешкиот лигаш КМФ Кеги Моби. Загубија дома од КМФ Шкупи со 2:10 и паднаа на последното место. Екипата има најслаба гол разлика од -36, со најмногу примени голови 49 или служи за поправање на гол разликата на противниците. Далеку и несериозно од најавите дека со засилувањата ќе се бори за врвот а тие се најслаби во лигата. Во следното коло играат со составот на КМФ Црна река, екипа по пласман со слични квалитети, имаат 3 бода и се 8.
Tweet |