речник контакт

ГОК Борец - против ОК Шкендија во полуфиналето од одбојкарскиот Купот

Вечерва, петок одбојкарите играа дерби со ОК Струмица, со пренос на МРТ 3

Петар Печков

Извлечени се паровите за полуфиналните натпревари од одбојкарскиот куп.  Велешкиот лигаш ГОК Борец  ќе игра со ОК Шкендија до Тетово од 20 ч. , што е дерби , бидејќи во вториот натпревар ОК Струмица игра со аутсајдерот ОК Универзитет од Тетово. Натпреварите се играат следната седмица  од 23 до 25 март во салата во Радовиш. Мажите играат на 23 четврток а финалето е закажано за 25 сабота. ОК Борец Универзал промет  во 1995 година беше освојувач на купот на Македонија,чија завршница се играше во Велес, во тогашната сала 25 мај.

Попладнево во 17,30, петок, во салата Парк во Струмица, одбојкарите на ГОК Борец го играат дербито на 8 коло на Првата лига. Гостуваат кај лидерот ОК Струмица, отакако првито натпревар во Велс го загубија со 0:3. Важен натпревар за велешани, откако сега се на делба на второ место заедно со ОК Шкендија, за подобра стартна позиција во разигрувањето  за титулата првак. Натпреварот е со директен пренос на МРТ 3.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »