Петар Печков
Објавено: петок, 14 септември 2012
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе посебен извештај против лицето Н.С. (54) од Скопје-сопственик и управител на фирмата „Еко Елит“ ДОО од Јагодина Р.Србија, поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „Измама“, односно со намера за себе да прибави имотна корист, го довел во заблуда лицето Т.Н. (53) од Велес-сопственик на винарија Лозар „Агрониколов“ од Велес, од кого купил вино во вкупен износ од 31 449 евра, без притоа да го плати.
Пријавениот на 23.10.2008година со оштетениот Т.Н. договорил да купи разно вино од неговата винарија во количина од 14 илјади шишиња по цена 1,80евра од шише, за што бил склучен и заверен Договор. Оштетениот му ја предал договорената количина вино за кое поседувал уредно уверение- сертификат за квалитет од Земјоделски институт од Скопје, за што пријавениот до денес му ја нема исплатено договорената сума.
Tweet |