Петар Печков
Објавено: петок, 24 март 2023
Делницата на гасоводот Свети Николе - Велес ќе биде долга 27,5 километри. Трасата на гасоводот ќе се гради источно од Свети Николе и северно од селото Ерџелија, како приклучок после Блок станицата 2 на постојниот гасовод кај Кавадарци.
Таа продолжува југоисточно кон Велес каде што завршува со Блок станица, Чистачка станица и Главна мерна регулациона станица Велес.
Кракот за Велес според проектна документација треба да дојде до Спомен Костурница, од каде треба да се гради препумпна станица за Велес.
Инвеститорите најавија дека изградбата на гасоводот на оваа делница планираат да започне за околу една година. Проектот e дел од пошироката програма за гасификација на земјава, a ќе обезбеди природен гас за три општини: Свети Николе, Лозово и Велес со вкупно 70 илјади население.
Ова беше кажано на Јавната расправа за Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за Проектот за изградба на гасоводна делница Свети Николе - Велес одржанa во големата сала на Општина Велес.
Градот Велес има комплетна техничка документација за секундарна гасификациска мрежа .
Tweet |