речник контакт

Гатач им одзел 14 илјади евра на двајца велешани

Штипјанец „обработил“ двајца велешани велејќи им дека е гаталец и дека може да им ги реши личните семејни проблеми.

Петар Печков

Штипјанец „обработил“ двајца велешани велејќи им дека е гаталец и дека може да им ги реши личните семејни проблеми. За своите услуги им наплатил 14.000 евра. Луѓето останале и без пари и без решени проблеми.

Сабедин Ш. систематски ги обработувал пет месеци, велејќи им доколку ги отворат маиците што им ги барал дека ќе им се искриват устите. 42 – годишниот Сабетин Ш. на братучедите П.П. ( 37) и З.К. (38), од велешкото село Оморани, им се претставил дека е од скопската населба Шуто Оризари и дека знае да гата на маици. Тие му поверувале, им му  дале маици, во кои досетливиот гаталец барал да му ставаат пари. Откако ќе  направел некаква магија на облеката, им ја враќал со напомена да ја отворат кога тој ќе им кажел. Доколку не го послушаат ќе им се  искриват устите.

Сабетин третманот го изведувал во период од 9 јануари до втори мај, кога братучедите се посомневале во неговата стручност. Од З. К. гаталецот земал 12.000 евра, додека од П.П. само две илјади евра. Кога виделе дека нема никаков резултат од гатањето на штипјанецот, ги отвориле маиците и имале што да видат, тие биле полни со хартија и стари пари. Случајот го пријавиле во полицијата на Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »