речник контакт

Гајдов останува советник, Димевски молчи

Двајцата велешки советници од Антикорупциска беа посочени за конфликт на интереси

Петар Печков

Ќирил Гајдов од НСДП останува член на  Советот на Општина Велес. Тој се реши за советничката функција  и се откажа од местото управител во фирма.  За Антикорупциска  беше токму ова недозволено да биде управител и да врши биде советник, иако според Гајдов  ова  никаде не  било прецизно  наведено.

Неговиот колега Драган Димески од ПОДЕМ не одговори каква одлука донел, но неофицијално денес вечер ќе ја испрати одлуката до Антикорупциска,  кога е последниот рок.  Нему му се забележува како  конфликт на интереси што е член на УО на Македонски пошти и што е советник во Советот на Општина Велес.

Иако истите две функции ги имаше и изминатиот период од четири години, во минатиот мандат тогаш Антикорупциска не реагираше на ваквата состојба.  Тој пак е член на УО на ЈП македонски пошти по функција како ресорски директор. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »