речник контакт

Гевгеличанец излетал од автопат, префрлен на КАРИЛ во тешка состојба

Шеснаесет годишник нападнат од соседот во Горно Јаболчиште

Петар Печков

Од полицискиот билтен, вчера се случиле два настани, за кои информираа од СВР Велес. Сообраќајка на автопатот кај месноста Црени брегови и нападнато дете во Горно Јаболчиште.


Четвртокот  21-ви мај  околу 15 часот на регионалниот пат Градско – Неготино,  патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал- информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Од велешката Болница соопштија дека повредениот имал повеќе скршеници и е префрлен на КАРИЛ во Скопје.

Извршени се неопходните прегледи и снимања, по што се констатирано сериски скршеници на граден кош,  скршеница на карлица, на стопало  и во тешка состојба е префлен на КАРИЛ во Скопје -изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.


Вчера,. четврток,  21-ви мај  во 17.30 часот во Полициската станица Чашка, Џ.А.(51) од Горно Јаболчиште пријавил дека на 20.05.2020 околу 23.45 часот неговиот шестнаесетгодишен син бил физички нападнат од неговиот сосед А.М.(54) - соошти Додевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »