речник контакт

Гемијата по еден век пак заплови по Вардар

Стево Коневски ја изработи гемијата по нацрт на Љупчо Данов. Долга е 5,5 а широка 2,6 метри, тешка еден тон. Може да прими осум лица, има двајца веслачи. Ќе заполиви со Вардарската регата

Петар Печков

Гемијата  со која велешките трговци ја носеле стоката до Солун повторно ќе плови по реката Вардар. Но на нешто пократка патека, до Гевгелија и тоа во рамките на Вардарката регата.  Така по еден век пауза, гемијата четврток пак ќе заплови. Нејзе ја изработи столарот Стево Коневски, кој за оваа работа заедно со  Мето Ѓоргиев минаа два месеци во напорна работа.  Гемијата  е изградена од чамови дрво, долга 5,5 м а широка 2,6 м,  се градеше во столарската работилница близу Башино село.

Не беше тешко да се изгради оваа Гемија, напротив беше задоволство. Работевме  по 5-6 саати на ден, по цртеж. Излезе едноставна работа. Ја изработив за градот и Гемиџиите – рече Коневски. 

Гемијата е лакирана, за заштита од вода. Ниту Стево ниту Мето ќе пловат со неа по Вардар, објаснуваат дека немаат желба за авантура, посигурно се  чувствуваат на суво, на земја.  Тие двајцата досега немале искуство во изградба  на чунови и ова е нивно  прво ангажирање  за ваква специфична работа. Чунот засега нема  име, оставаат на нарачателот, од здружението ,,Вардарска регата,, да стават има ако е потребно.

Гемијата може да собере до осуммина, заедно со двајца веслачи, еден  напред и еден назад. Има двојно дно за да ја заштити од продирање на вода а во меѓу просторот има слој на  стиропор. Поставени се и две клупи за седење. Помошникот Мето на прашањето дали било тешко да се изработи оваа гемија, тешка еден тон, кратко одговори, ,,не беше ни лесно,,. Гемијата е изработена по план и идеја ан велешанецот Љупчо Данов, кој истражувајќи по велешките архиви, дошол до фотографии како изгледал овој пловен објект. 

Наспроти верувањето дека гемијата е сплав од повеќе цврсто поврзани дрва – талпи, дојдов до фотографии дека  таа била еден вид чамец, пловило. Имал носивост од 500-600 ока. Гемијата ги заменила карваните со кој робата се носела до Солун. Овие чамци до таму стигнувале за 3 до 5 дена.  Карактеристично е што носот на гемијата е дигнат 30 степени. Назад имало веслач кој со големи  долги весла давал погон а на предна страна друг маневрирал, давал правец, избегнувал препреки по водата – вели Данов.

Проучувајќи по архивите тој дошол до податок дека првите вакви гемии се регистрирани околу 1830-та година  Бидејќи немало никаква финансиска корист од неа, по пристигнувањето во Солун, таа се растурала и продавала како дрво за греење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »