речник контакт

Германец добитник на Почесното Рациново признание

Германецот Петер Рау ( 58 год) е добитник на годинашново Почесно Рациново признание кое ќе му биде врачени на 46-тите Рацинови средби, кои ќе се одржат во Велес, во втората с?дмица од месец јуни.

Петар Печков

Германецот Петер Рау ( 58 год) е добитник на годинашново Почесно Рациново признание кое ќе му биде врачени на 46-тите Рацинови средби, кои ќе се одржат во Велес, во втората седмица од месец јуни. Манифестацијата годинава ќе биде во знакот на големиот јубилеј 70 години од излегувањето од печат на книгата „Бели мугри“ а носители на одбележувањето и на повеќето свечености ќе бидат Општина Велес и заедно со Институтот за македонска литература. Нивното чевстување го задолжува и градот и државата целосно да и се посветат на овој голема годишнина.

- Професор д-р Петер Рау, германски филолог кој ја задолжи македонската   литература и култура со нејзина презентација во неговата земја. Тој е коавтор на гоелмиот германско - македонски речник а ги преведува и делата на нашите автори за германскиот пазар и доближува на тамошниот читател. Тој многу работи на афирмација на македонската книжевност во Германија – изјави Горан Петров градоначалник на Велес и претседател на организациониот одбор на манифестациајта.

Досегашни добитници на ова признание се чехот Иван Доровски, хрватите Алдо Климан и Горан Калоѓера, србинот Мирољуб Стојановиќ, бугарите Петар Крангов и Стефан Влахов, црногорецот Стеван Перовиќ, романецот Јон Илиеску. Конкурсот за Рациновото признание е завршен а жирито во состав Луан Старова, Ермис Лафазановски и Елизабета Георгиевкса Јаковлевска ќе треба да се одлучат помеќу дваесетината стигнати дела.

Годинава Рациновите средби ќе се одржат во две фази, од 11-ти до 13 јуни и во ноември, кога е роден поетот Коста Солев Рацин. Првата вечер е планиран голем поетски митинг насловен, „Бесмртниот Рацин“ со учество на 20-тина автори од повеќето балкански држави но и гости од Франција меѓу нив и групата Маниер која преку стих и мелодија ќе ја долови француската и Рациновата песна. На 12-ти јуни е најавена вечерта посветена на поезијата „Бели мугри“ со балетскиот перформанс „Ленка“ во кореографија на Олга Панго.

Предвидена е и промоција на монографијата „Кочо Рацин, живот и дело“ од академик Блаже Ристески а промотор ќе биде Катица Ќулафкова. Меѓу содржините  еи концертот на етно групата „Баклава“ со тема, македонската поезија како инспирација за народната песна. Институтот за македонска литература ќе одржи симпозиум на тема „70 години Бели мугри“. Во ноември, кога се навршува годишнината од издавањето на стихозбирката, Велес и Македонија ќе имаат претставување во Самобор, Хрватска каде е отпечатена книгата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »