речник контакт

Годинава еден велешанец каснат од змија, во Градски парк

За пет месеци регистрирани и 16 каснувања од кучиња и две од мачки

Петар Печков

При крајот на месец април, велешанец бил каснат од змија и тоа додека бил во Градскиот парк,  според неговото кажување пред докторите во Инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес.  Зa петте месеци од годинава, во оваа здравствена институција биле примени вкупно 18 лица каснати од кучиња и  но и  од мачки.  

За изминатиот период од годинава во Инфективното оддление  примени се 16 пациенти каснати од кучиња и два случаи на каснување од мачка - изјави портпаролот Марина Андова. 

Во ова одделение има доволно сериуми за сите пациенти и докторите велат дека посебно кај за каснувањето од змија е важно да се стигне што поскоро од лекарска помош.  

И досега сме имале пријави од пациенти за каснување од мачки, не е ништо ново.  Мачките гребат тоа е вообичаено  но  лошо е кога касаат и тогаш даваме помош согласно медицинските протоколи - рече д-р Роза Стојановска началник на Инфектиното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »