речник контакт

Годинава локалната власт ќе продава и изнајмува 51 градежна парцела во велешко

Меѓу градежните парцели кои ќе се изнајмуваат на одреден период се и шанкови и плажи покрај езеро Младост

Петар Печков

Донесена е програмата за располагање со градежното земјиште во сопственост на државата а се наоѓа на подрачјето на Општина Велес. 

Неа ја донесе Советот на Општината.   Со оваа програма се опфатени се девет  урбанистички планови во кои се  38 градежни парцели за продажба и 13 градежни парцели за краткотраен закуп.

Проценка на финансиските приливи по основ на реализација на Програмата за предвидените локации за продажба и краткотраен закуп да изнесува 12 милиони  денари, кои ќе се влеат во Општинскиот Буџет.

Градежните парцели што се предмет за отуѓување  на годишната Програма ќе  се објавуваат во турнуси и тоа  во согласност со намената на земјиштето и локалитетот.

Со програмата е предвидено да се продаваат градежни парцели за хотели, мотели,  кампови  за шатори и приколки,  станбени куќи, згради,  парцели за лесна индустрија,  стоваришта и сервиси.

Градежни парцели кои ќе се изнајмуваат сите се покрај езеро Младост, и   се наменети за рибарска продавница, осум плажи и  четири подвижни шанка на езеро Младост.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »