Петар Печков
Објавено: четврток, 25 февруари 2016
Наместо во мај, годинава првото прскање против комарци ќе започне два месеци порано, во март. Ова е по препорака на Државниот здравствен и санитарен инспекторат а причина е превентива од болеста,, зика,, која ја пренесуваат комарците. Тие се појавувале во месец март и затоа надлежните бараат комарците да бидат уништени во раната фаза.
Годинава првото прскање против комарците ќе го имаме во второ половина на март месец. Тоа е дел од мерките а по барање на Комисијата за заразни болести. Вообичаено ќе има три прскања , динамиката ќе ја одреди Центарот за Јавно здравје од Велес. Се најавуваат и вонредни во текот на годинава - изјави Катица Чадиева од локалната власт.
Тие веќе ја започнале постапката за избор на најдобар изведувач на прскањето. Во општинскиот Буџет за оваа намена се обезбедени 1,5 милиони денари.
Tweet |