Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јули 2019
Заврши годинешнава распределба на корпите за отпад. Годинава беа поделени 1.380 парчиња, за кои Општина Велес обезбеди средства од локалниот буџет во висина од 1,2 милиони денари. Корпите за отпад се делеа бесплатно. Оваа акција започна во 2014-та година и ќе трае во наредните се додека сите семејства на добијат.
Ги потсетуваме граѓаните дека се должни отпадот да го изнесуваат во добиените стандардизирани садови, а не во кофи и кеси. Комуналниот отпад се собира два пати седмично по однапред утврден распоред – реонизација на градот, а селектираниот отпад се собира во сабота, од 08.00-12.00 часот, во два реони по организиран распоред, за што граѓаните се уредно известени преку сметките за комунални услуги. Граѓаните треба да го почитуваат времето на изнесување на отпадот, локациите за складирање и да се грижат за јавната чистота. Сите да придонесеме за развојот на навиките за совесно постапување и селекција на отпадот - велат од локалната власт.
Домаќинствата од улиците „Коле Цветков“, „Живко Фирфов“, „Шефки Сали„, „Боге Николов“, „Орце Шутев“, „Васил Иљоски“, „Стеван Бобевски“, „Хаџи Косте“, „Трајко Митев“, и населбата „Порцеланка“ добија два вида канти – зелена за комунален отпад и жолта за селектиран отпад.
Жителите на улиците „Благој Абрашев“, „Никола Оровчанец“, „Трајко Панов“, „Ѓоре Органџиев“, „Кукушка“, „Страшо Пинџур“, „Благој Нечев“ и „Вера Циривири“ кои претходните години добија зелена канта, оваа година добија жолта канта и ја започнаа примарната селекција на отпад кој може да се рециклира.
Жителите од населбата „Превалец“ од улиците „Ристо Попов“, „Јордан Јорданов“, „Шефки Муратов“ и жителите од Горно Оризари од улиците „Првомајска“, „Нонча Камишова“ и „Партизанска“ добија зелени канти за комунален отпад.
Општина Велес апелира до граѓаните совесно да постапуваат со отпадот и да дадат свој личен придонес во селекцијата на отпад.
Tweet |