речник контакт

Годишната награда за архитектонско дело во Македонија за Марија Димитриевска од Велес и Елена Пазарџиеска од Скопје

Наградата е за објект во викенд населбата крај езеро Младост

Петар Печков

Архитектите Марија Димитриевска од Велес и Елена Пазарџиеска од Скопје се  добитнички на годишната награда за архитектонско дело за 2022 година во Македонија. Наградата  ја доделува Асоцијација на архитекти на Македонија и се однесува за  проектот „Вила за современо домување“, во викенд населбата на велешко езеро Младост.  

Комисијата во состав  Проф. д-р Мартин Гулески, д.и.а. (член на Академија при ААМ) Нина Карангелеска Тодоровска, д.и.а. Претседател на комисија (член на ААМ), Јана Гугулоска Ѓорѓевиќ, д.и.а. (член УО на ААМ)  М-р Филип Конески, д.и.а. (член на ААМ), Никола Томевски, д.и.а. (член на ААМ)  наградата ја образложи:

„Проектот „Вила за современо домување“, во викенд населбата на велешко езеро Младост претставува објект со чиста, ненаметлива композиција и поставеност, каде е очигледно дека чистината и едноставноста биле и крајна цел на проектантите.  Вилата е успешно вклопена на теренот и во својот природен контекст, при тоа максимално искористувајќи ги потенцијалите на своето опкружување. Забележани се квалитети и во функционалното решение, но дадена е забелешка за употребените материјали. Во надворешното обликувани употребени се скромни материјали и технологии, што од една страна може да се прочита како недостаток, но од друга може да се прочита и како јасна тенденција на архитектот за ненаметлива појавност на објектот.“

Наградите на двете добитнички им ги врачи претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »