Петар Печков
Објавено: петок, 06 октомври 2023
Како дел од содржините на велешката Питијада, и годинава се подготви голема пита пастрмалија. Нејзината продажба беше со хуманитарни цели.
Собраните средства во висина од 14,680 денари , кои ги собраа волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст Велес, дополнително ќе се одлучи за што ќе бидат наменети.
Големата пита, која годинавабеше рекордна ја подготви пекара „Гемиџии“ и беше тешка стотина килограми.
„Најголемата пита досега подготвена е долга 4м и 10 см, за 10 повеќе од лани. Ја подготвувавме пет часа од 13 до 18ч., во изработката користевме 15 кг брашно, 23 кг тесто, 25 кг месо, 210 јајца. Ја правеа седум мајстори. Пекарата има капацитет за поголема пита и ветуваме дека до година повторно ќе ја изработиме во уште поголеми димензии“ - кажа Александар Јамалов сопственик на пекарата Гемиџии.
За разлика од лани кога се собраа само 3,5 илјади денари, годинава сумата беше значително повисока, без малку 15 илјади денари. За поделба на питата беа потребни 17 минути, додека тавата не остана празна.
Tweet |