Петар Печков
Објавено: четврток, 06 март 2014
Во февруари месец во Велес во Центарот за јавно здравје биле регистрирани 875 лица заболени од грип. Тоа е голема бројка, споредбено со претходниот месец јануари кога докторите регистрирале 239 случаи на грип.
Најголемиот број на заболени се на возраст од 15 до 64 години, додека бројката е многу мала кај претшколската и школската популација како и кај старите лица. Грипот е сезонско заболување кое најчесто се јавува со доаѓањето и заминувањето на зимата, кај него влијае променливото време, објаснуваат докторите.
Од Центарот за Јавно здравје апелираат до матичините доктори навремено да ги препишуваат дозите на тамифлу лекот, з да се спречат компликациите од болеста. Ова зимо првата жртва до грипот во Македонија беше токму велешанка на 67 годишна возраст, која почина од грипот и компликациите што тој ги предизвика кај неа.
Граѓаните треба да внимаваат на хигиената на рацете, да не се престојува подолго време во затворена просторија со многу луѓе, да се врши проветрување и добра исхрана со многу течности, зеленчук, овошје, витамински напитоци – вели епидемиолог д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје од Велес.
Tweet |