Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 декември 2020
Иако без најава, за само четири часа 160 велешани се вакцинираа со комерцијална вакцина за сезонски грип. Таа се добива во Центарот за јавно здравје Велес. Вакцината е дистрибуирана и во градовите од Повардарјето, Кавадарци, Неготино, Гевгелија но и во Свети Николе, кои се под надлежност на оваа здравствена институција.
Велес доби 400 вакцини против сезонски грип засега, останатите се за другите центри. Цената е 800 денари и може да ја примат граѓани кои што ќе изразат желба или имаа потреба. За разлика од таа што е бесплатна која е француска оваа четиривалентна и е од холандско производство - изјави епидемиологот д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје Велес.
Вакцинацијата се извршува во терминот од 8 до 14 ч. се додека има нејзини резерви. Денес се вакцинира граѓани од различни возрасни групи.
Tweet |