речник контакт

Голем интерес за првиот шаховски маратон во Велес (фото)

Шахот иако е маргинализиран во градот, има деца кои го сакаат и играат

Петар Печков

Дури 180 ученици, имаше како учесници на првиот училиштен шаховски маратон, кој се одржа во Велес. Се натпреваруваа ученици од основите до 10  години и до 14 години и од средните училиштa. Ова зборува дека шахот иако е маргинализиран во градот, има деца кои го сакаат и играат.


Во категоријата на средношколци, победник на натпреварот е Димитар Трајчевски од гимназијата Кочо Рацин, втора награда освои Филип Петровски од Коле Неделковски, трета награда Симон Николов од гимназијата Кочо Рацин

Во категоријата до 14 години, победи е Филип Попзлатанов од Блаже Конески, второ место Андреј Богдановски, трето место Марко Јовановски и двајцата  од ОУ  Васил Главинов.

Во категоријата до 10 години победник беше  Марко Зафиров од ОУ Васил Главинов, второ место Михаил Коларовски и трето место Сергеј Божиновски и двајцата од ОУ  Блаже Конески. Најмлад учесник со шест години.   беше Никола Илковски од  ОУ Васил Главинов

Основците играат 4 и 5 кола додека средношколците играа шест кола.

Организатори на првиот шаховски маратон беа шаховските вљубеници Трајче Недев и Стојан Петкашинов и во соработка со Сојузот за училиштен спорт од Велес во средното училиште Коле Неделковски.  
 
Наградите ги овозможи спонзорот Милорад Донев. Турнирот се одржа во просторија на средното училиште Коле Неделковски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »