Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 декември 2006
Разбирлив е големиот интерес што велешани го покажуваат на овогодинешниот саем на книгата, бидејќи во градот веќе пет години нема специјализирана книжарница.
Затоа Градската библиотека „Гоце Делчев“ веќе трета година по ред го организира овој саем. Тринаесет македонски издавачи, меѓу нив и Матица Македонска, Макавеј, Култура, Магор, Табернакул, Феникс, Топер, Детска радост се присутни на штандовите во библиотеката и нудат повеќе од илјада наслови.
Саемот ќе трае до 30-ти јануари а книгите се со попуст од 30 до 50 отсто.

Tweet |