речник контакт

Голем интерес кај велешани за настанот „Професионалци и сојузници- Армијата за граѓаните“ (фото видео)

Настанот беше организиран за Денот на НАТО 4 април и 15 април Денот на Командата за обука и доктрини (КОД) во Градскиот парк

Петар Печков

За Денот на НАТО 4 април и  денот на Првата пешадиска бригада, како и 15 април Денот на Командата за обука и доктрини (КОД) во Градскиот парк во Велес се одржа презентација на воена опрема, возила и способност на припадниците на Армијата на Република Македонија. Големото присуство на велешани,  брачни парови со нивните деца, најмладите кои беа воодушевени од прикажаното, сите тие уживаа во саботното пладне. 

„Ова е ретка можност од непосредна близина граѓаните да  погледнат дел од опремата и борбените возила,  да разговараат со припадниците на Армијата кои секојдневно се грижат за нивната безбедност“  соопшти КОД чие седиште е  во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

На настанот беше поделен на неколку тематски зони, каде присутните можеа да се запознаат со техничко-тактички карактеристики на изложената опрема и средствата во Армијата, гардиски  и борбени вештини, запознавање со начинот на школување на Воената академија, имаше штанд на припадниците на воздухопловниот ВИНГ. На презентацијата  имаше најголем интерес и редици од деца за спуштање по челично јаже, кое беше организирано од припадниците „Волци“. На настанот имаше присутни и припадници на „Шкорпионите“, почесната гарда.  Вежбата на вештините, дисциплината на армиските службени дресирани кучиња при извршување на специфични задачи, предизвика големо внимание и аплаузи од присутните. 

Настанот  „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“  беше организиран од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и Командата за обука и доктрини.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »