Петар Печков
Објавено: вторник, 16 мај 2017
Земјоделците од велешко пројавиле голем интерес за добивање на средства преку ИПА 2 помошта. По распишаниот конкурс кој започна во средината на април, досега имало 40 апликанти. Рок на пријавување е до 23 јуни.
Имаме голем интерес од страна на земјоделците од општините Велес, Градско и Чашка, за користење на средствата од ИПАРД 2 . Новина е што од годинава со оваа програма, земјоделците ќе добијат поврат на 60 проценти од инвестицијата – изјави Тони Тасков раководител на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Велес.
Од досега пристигнатите 40 пријави најмногу апликации биле за трактори и приклучна механизација. Имало и два за изградба ан силоси,за чување на жито и еден за пластеници.
Со повик за ИПАРД 2, земјоделците доможат да абдицираат за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и за диверзификација на фарми и развој на бизнис. Предвидените пет милиони евра за 2014 и пет милиони евра за 2015 година, треба да се искористат до крајот на 2018 година.
Во тек на аплицирањето земјоделците имаат можност да побараат помош од вработените на Министерството за Земјоделие и од советници во Агенцијата, како за кратко време апликантот да ја дополни документацијата и дали таа ќе му биде одобрена.
Tweet |