речник контакт

Горела депонијата во Росоман, се запалиле околни ниви со лозје и овоштарници

Пожарот бил локализиран од Територијална противпожарна единица Кавадарци

Петар Печков

Горела депонијата во Росоман, се запалиле околни ниви со лозје. Пожарот бил локализиран од Територијална противпожарна единица Кавадарци.

„На 29.06.2025 во 14.00 часот во ОВР Кавадарци, пријавено е дека настанал пожар на депонијата во Росоман, по што се проширил и зафатил три приватни ниви со лозови насади и овоштарници и ситеми за наводнување“ - информирааа од СВР Велес.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кавадарци. На лице место излезен бил државен инспектор за животна средина, а извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »