речник контакт

Горивата на рекордно ниски цени

Бензините и дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари по литар

Петар Печков

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од ноќеска  на полноќ, од вторник, се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,35, односно за 8,83 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 39 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 2,467 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 12,857 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »