Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 август 2017
Сериозните проблеми со водоснабдувањето на населба Горно Оризари се минато. По протестите кога жителите со денови немаа вода, состојбата е доведена во ред и според градоначалникот Славчо Чадиев, редукции повеќе немало.
Ситуација е стабилизирана, скоро и да нема рестрикции. Причината за сериозните проблеми беа големите дефекти кои се случија на доводната линија, но и поради енормното трошење на вода до страна на населението. Сега имаме лице кое се грижи за отворање и затворање на вентилите за водоснабдување. Јавноста треба да знае дека кога Оризари нема вода нема и населба Превалец, таква е состојбата бидејќи се на иста линија – рече градоначалникот Чадиев.
Во овој летен период со проблеми со водоснабдувањето од населените места во општината се судрувале, според Чадиев малкуте жители на село Сопот. Но и тоа го решиле вели градоначалникот.
Село Сопот добива еднаш неделно со цистерна, оти бунарите и селската чешма пресушиле. Работиме на каптажа за селото Белештевица и Лавчани (близу Слп). Интерес појави населението од селата Сујаклари и Иванковци, да ги доделат селските водоводи на одржување на ЈКП Дервен. Наскоро ќе започне со изведба на водоводи за Раштани и Бузалково – додаде Чадиев.
Tweet |