Петар Печков
Објавено: среда, 03 февруари 2021
Не е точна информацијата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, дека само Крива Паланка и Штип, имаат изготвено решение за секундарна гасна мрежа. Ова го кажа градоначалникот Аце Коцевски, на поставеното прашање, каков е ефектот за работата на сега веќе згаснатото ЈП Велес гас. При неговото формирање беше потенцирано дека негова цел е токму тоа, подготовка на идејно, проектно решение за секундарна мрежа.
„Велес е меѓу првите градови кои имаат комплетна техничка документација за секундарна гасификациска мрежа . Но малку фајде од тоа, кога главната гасоводна линија од Штип до Свети Николе, допрва се проектира. Треба да се експроприра, па да се гради и изгради“ - кажа градоначалникот Коцевски.
„Во моментов за секундарната гасификација се подготвени две општини Штип и Крива Паланка, кои ја имаат документацијата, а повеќе општини работат и ја очекуваат“ - изјави на почетокот од годинава министерот Бочварски.
Tweet |