Петар Печков
Објавено: недела, 20 март 2016
Во петокот на ден пладне, во периодот од 13,00 до 14,50 часот во Велес, во стан, сопственост на Д.Т.(43), непознат сторител со подесен клуч ја отворил цилиндар бравата од влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување во плакарот од спалната соба, а од масата од дневната соба земал лап топ „Ацер“ кој го ставил во торба со намера да го одземе.
Околу 14.50 часот кога оштетениот дошол до влезната врата од станот и се обидел да ја отвори, лицето кое било внатре го повлекол, го испрскал со спреј солзавец во пределот на лицето и го турнал, а потоа избегал во непознат правец. Велешката полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.
ПС Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.П.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 26 февруари годинава, во 19,30 часот во с. Сарамзалино пријавениот иако знаел дека банкнотата што ја поседува во апоен од 100 евра е фалсификат, ја пуштил во оптек во колонијална продавница купувајќи прехрамбени производи.
Tweet |