речник контакт

Го оживеавме селото Папрадиште со работење на планинарскиот дом, а сега општината го бара предвреме со раскин на договорот -велат од ЕГ Зелена Сила

После 18 години користење, две пред завршување на договорот, Општина Чашка еднострано бара раскин на договорот

Петар Печков

Еколошка групација „Зелена Сила“ од Велес изненадена што Општина Чашка, бара предвремен раскин на договорот за користење на Планинскиот дом во село Папрадиште. Локалната власт писмено побарала  корисникот да се исели и го напушти објектот.

Екологисти се изненадени но и лути од ваквото барање, бидејќи сметаат дека се добри домаќини, кои со работењето на домот, ги вратија посетителите и туристите  во селото, кое повторно оживеа.  Појаснуваат дека после 18 години користење, две пред завршување на договорот, Општина Чашка еднострано бара раскин на договорот.

„Со ваков обид се судривме и во 2011-тата од тогашниот градоначалник Горан Пановски. Ни забележуваат дека не сме вложувале.  Изградивме канализација и плоштадот  во селото, со сопствени средства, маркиравме 600 км планинарски патеки по Јакупица. Го оживеавме селото Папрадиште, кое го вративме на мапите за алтернативен туризам. Ни доаѓаат туристи од три континенти. За раскин на договорот е надлежен судот а за исфрлање извршител, по претходна правосилна судска пресуда а не писмено известување“- кажа Игор Смилев претседател на ЕГ Зелена сила.

Од локалната власт на Општина Чашка бараат  објектот да се врати во владение оти не бил исполнет договорот.  

„Најдов документ од 2011-та, од мојот претходник, со кој се бара корисникот да го напушти објектот. Јас сум должен тоа решение да ја почитувам и спроведам со известување до корисникот, оти во спротивно правам кривично дело“ вели Горан Стојановски градоначалник на Чашка.  

Локалната власт од Чашка веќе си ги вратила во владение  Планинарските домови во селата  Ораов дол, Мокрени, Етно куќата од село Бистрица. Нејзиниот корисник пак  сега мака мачи каде да ги изложи 750 предмети кои таму беа поставени. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »