Петар Печков
Објавено: четврток, 12 мај 2016
Откако во месец април, Општина Велес, заедно со ЈКП Дервен ја исчисти околината на Велес од дивите депонии на смет и градежен шут, се појавија нови.
И тоа во Долна Бабуна, по течението не реката. Ги има неколку а секој ден се јавуваат се повеќе и повеќе. Нив ги немаше за празничниот викенд Први мај. Реката пак е полна со пластични пет шишиња, метеријал кој не можед се разложи со векови.
Чудно е што некои наши неодговорни граѓани, решиле тука да го фрлат градежниот шут. Не знаат, не сакаат да знаат, дека тука не е место за отпад. Дури некои се дрзнал што фрлил и во реката. Кој збор да се употреби за ваквиот чин е премногу благ - велат велешани кои одат на одмор и рекреација по течението на реката Бабуна, во долниот тек, пред вливот во Вардар.
Фрлениот шут се наоѓа кај местото што се вика Први вир. Овој дел Општината го прогласи за заштитена зона.
Tweet |