Петар Печков
Објавено: четврток, 07 ноември 2019
Денес беше предаден во употреба новиот систем за парно греење во Детската градинка,,Бамби,, во населба Чашка донација од Амбасадата на Република Полска во Македонија. Со ова ќе бидат подобрени условите за престој на децата во клон осум на градинката.
Сакаме да ги поддржуваме малите општини, малите заедници , не само Скопје. Сакаме да ги развиваме и малите градови, не само големите. Нашата помош да опфаќа целни групи каде се децата. Се радувам што ги подобривме условите за престој во градинката и децата ќе бидат радосни - кажа Војциех Тицињски амбасадор на Република Полска во Скопје.
За донацијата вредна осум и пол илјади евра, се заблагодари градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски. Системот работи на пелети.
Ова е енергетски ефикасно греење и така ги подобривме условите за престој на децата. најдобрата инвестиција е инвестиција во иднината а тоа се децата. Среќни сме што се инвестира во нив и очекуваме соработката да продолжи и со други проекти. Оваа инвестиција ги враќа средствата назад, заштедуваме со користење на пелети - рече Стојановски.
Но освен просториите на градинката клон ,,Бамби,, на новиот систем се греат и салата на Советот на Општина Чашка, подрачната единица на Катастарот, на Центар за социјални работи и на матична служба.
Интерес за престој на децата постои, сега со оваа нова инвестиција очекуваме да биде и поголем. Новото греење овозможува пријатен престој на децата и подобро организирање на работата со нив - рече в.д директорката Ефтимија Карбева Лукарева. Капацитетот на градинка во чашка е 50 а моментално таму ја посетуваат 21.
Пролетва Полската Амбасада во Македонија ја доопреми градинката ,,Кокиче,, во населбата Градско. Набавени беа училиштен и едукативен материјал, наставни средства, столчиња и масички за децата, како и смарт телевизор, инвестиција вредна 6,5 илјади евра.
Tweet |